Студентски отпор: Ректорката Ангелова и министерката Јаневска се самопромовираа, собираа ПР-поени на собирот на УКИМ

Здружението Студентски отпор го осудува однесувањето на ректорката на УКИМ, Билјана Ангелова, и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, кои денеска одржаа политички говори на собирот организиран од Универзитетското студентско собрание на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на кој студентите им оддаваа почит на загинатите во трагичниот пожар во Кочани.
По говорите на Ангелова и Јаневска и реакциите во јавноста кои следеа, Универзитетското студентско собрание попладнево се извини и соопшти дека за следните слични собири кои се планираат, изнашле решение – пред студентите нема да зборува никој.
„Наместо седумминутен молк и достоинствено оддавање на почит, како што бараа студентите, ректорката и министерката одлучија да држат говори. Ова се случи и покрај јасниот притисок од студентите да не се користи ваков трагичен момент за говори и политичка самопромоција“, велат од Студентски отпор.
„Додека тие ги читаа своите подготвени изјави, неколку студенти се почувствуваа лошо и побараа итна медицинска помош. Но, наместо внимание кон оваа ситуација, ректорката и министерката продолжија со своите говори, целосно игнорирајќи ја состојбата на студентите. За нив, поважна беше ПР-кампањата отколку почитта кон жртвите и здравјето на младите кои присуствуваа на собирот. Студентите јасно и гласно порачаа дека ваквото однесување е недостоинствено и неприфатливо. Ова не беше момент за политички пораки, туку за тивка почит кон загинатите и солидарност со нивните семејства. Наместо тоа, сведочевме на срамна институционална експлоатација на трагедијата“, се вели во реакцијата на студентстката организација.
Студентски отпор го осудува ова однесување и бара одговорност од институциите. Бараме идни комеморативни настани да се организираат со вистинска почит и достоинство, без политичка инструментализација. Жртвите заслужуваат повеќе, а студентите нема да дозволат нивната болка да се користи за нечии ПР поени.Официјалните тела за студентска репрезентација не смеат да го амортизираат гневот на студентите. Доколку се обидат да го сторат тоа, „Студентски отпор“ ќе ги поведе студентите во борба за вистинско застапување на нивните интереси“, велат од организацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НСС УКИМ: ПЛЕНУМОТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ!
Пленумот кој е закажан за утре во…
НСС УКИМ ги повикува сите студенти на…
„Во име на студентската автономија, НСС УКИМ…
Студентски отпор: Ректорката Ангелова и министерката Јаневска…
Здружението Студентски отпор го осудува однесувањето на…
Студентското собрание при УКИМ се извини за…
Во објавата на официјалниот фејсбук-профил на УСС…
(Видео) Шокантни сцени на платото на УКИМ:…
Студентите ја иссвиркаа министерката за образование Весна…