Студентски протести во Белград и Нови Сад под мотото „Индексот е посилен од пендрекот“
Студентите во блокада на Универзитетот во Белград најавија протест за денеска во 14 часот, под мотото „Индексот е посилен од пендрекот“. Според објавите на социјалните мрежи, маршот ќе започне пред зградата на Владата на Србија, а ќе продолжи кон Палатата на правдата, Одделот за обезбедување на одредени лица и објекти и Одделот за внатрешна контрола на МВР.
„Се запира в понеделник. Се гледаме“, порачаа студентите.
Паралелно, студентите во блокада на Медицинскиот факултет во Нови Сад повикаа на протест во 11:52 часот пред Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина. Тие испратија апел и до своите колеги здравствени работници и граѓаните да им се придружат.
„Додека ние преврзуваме, вие претепувате! Рацете што лекуваат не смеат да бидат врзани… Бели мантили секогаш, бело знаме никогаш“, наведоа студентите во нивната објава.
Во меѓувреме, низ Србија вчера попладне се одржаа и собири на граѓани против блокадите. Директорот на српската полиција, Драган Васиљевиќ, соопшти дека на 111 собири под мотото „Граѓани против блокади“ излегле 126.399 луѓе.
Тој додаде дека собирите поминале без инциденти, освен во Шабац и Чачак, каде имало ненајавени паралелни собири на групи кои се обиделе да го спречат нивното одржување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентски протести во Белград и Нови Сад…
Студентите во блокада на Универзитетот во Белград…
Вучиќ ги нарече „олоши“ европратениците кои беа…
Откако српската полиција синоќа упадна во Ректоратот…
Трамп: Ги изгубивме Русија и Индиja, препуштајќи…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД,…
Трамп најави нови разговори со Путин во…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави…
Путин: За да се обнови економската соработка…
Рускиот претседател Владимир Путин на пленарната сесија…