СУГС „Никола Карев“ е најдобар кошаркарски тим во Скопје за оваа сезона – Градоначалничката Арсовска ги додели наградите и им честиташе на сите учесници

t

Денеска, на завршниот финален натпревар во средношколска кошарка помеѓу екипите на СУГС „Никола Карев“ и СУГС „Јосип Броз Тито“, што се одигра во СЦ Борис Трајковски, ги доделивме наградата и пехарот на победничката екипа на средното училиште на Град Скопје “Никола Карев“.

За учениците секое учество во овие натпревари е поттик да се дружат, да спортуваат и да бидат успешни спортски примери. Во текот на оваа учебна година во системот на натпревари на средните училишта во Скопје во екипните спортови учествуваа 124 екипи од 29 градски, државни и приватни средни училишта од Скопје, а се одиграа над 236 натпревари на кои настапуваа преку 2000 ученици.

Во завршните натпревари на препознатливите градски полуфинални и финални натпревари, кои во текот на месец март се одиграа Скопје се издвоија најдобрите екипи во средноучилишните лиги за учебната 2022/2023 година во екипните спортови футсал, ракомет, кошарка и одбојка, во машка и во женска конкуренција, стои во објавата на Градоначалничката на Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…