Судиите не избраа нов претседател на Уставниот, седницата продолжува утрe
Седницата за избор на претседател на Уставен суд продолжува утре, по четири неуспешни обиди за избор, соопштија од судот.
На седницата за избор која започна денеска во 10 часот, како што наведуваат од Уставен, ниту еден од предложените кандидати не го добил потребното мнозинство. Се гласало за избор помеѓу судијките Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева.
Новиот претседател на Уставен ќе ја замени досегашната претседателка Добрила Кацарска, чиј тригодишен мандат истекува на 2 јуни.
Според Деловникот на Уставен, Уставниот суд на седница избира претседател на Судот од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање.
Покрај Кацарска, актуелни судии во Уставен суд од кои некој ќе ја преземе претседателската функција се Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер, Татјана Васиќ Бозаџиева, Елизабета Дуковска, Јадранка Дабовиќ Анастасовска и Ана Павловска Данева.
Секој судија може да предложи кандидат за претседател на Уставниот суд.
Предлогот за кандидат за претседател на Уставниот суд го утврдува комисија од тројца судии избрани со мнозинство од вкупниот број на судиите.
Ако кандидатот не го добие потребното мнозинство гласови, постапката за избор на претседател се повторува.
Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, без право на реизбор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…
Таткото на Вања попладнево e донесен во…
Судот на ЕУ ја одобри забраната за…
Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…
Зеќири се расплака во завршните зборови на…
Во завршните зборови на судењето против поранешниот…
Лога: Олигарси ги контролираат обвинителите и судиите
Министерот за правда Кренар Лога вечерва во…
Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на…
Судскиот Совет денеска ја избра судијката Снежана…