Судири меѓу израелската полиција и ултраортодоксните Евреи
Израелската полиција соопшти дека се случиле насилни инциденти на свето еврејско место во северен Израел пред овогодинешните празнични свечености Лаг Баомер.
Празничните свечености Лаг Баомер се одржуваат на планината Мерон се одржуваат под строги безбедносни ограничувања поради тековната размена на оган меѓу Хезболах и израелската армија.
Израелската полиција го затвори еврејското место за аџилак во северен Израел пред големиот фестивал таму поради загриженост дека областа може да биде цел на либанската милитантна група Хезболах.
Полицијата соопшти дека врз полицајците биле фрлани предмети додека се обидувале да ги спречат лицата на кои не им било дозволено да бидат таму.
Десетици илјади луѓе, претежно ултраортодоксни Евреи, се собираат секоја година на еврејскиот празник Лаг Баомер за да му оддадат чест на рабинот Шимон Бар Јохаи, мудрец и мистик од 2 век за кој се верува дека е погребан на планината Мерон.
Големи толпи, кои можат да достигнат и над 100.000, палат огнови, се молат и танцуваат како дел од прославите.
Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, Хезболах лансираше десетици ракети и проектили кон планината Мерон и блискиот Сафед, каде што се наоѓа голема израелска воена база.
Израел и Хезболах разменуваа чести напади од почетокот на војната, повеќето ограничени на областа околу границата.
Планината Мерон се наоѓа на околу 10 километри јужно од границата со Либан.
Израелскиот парламент усвои итен закон за затворање на местото на аџилак претходно оваа недела, поради заканата на Хезболах.
Наместо големиот фестивал се одржа мала церемонија со околу 30 луѓе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Директна закана од Израел: „Брзо да го…
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…
Израел објави, 19 повредени во нападот на…
Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…
Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…
Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
Нетанјаху се обрати: Граѓани на Израел, претстојат…
Израел ќе одговори со сила на секој…