Објавено на:

Судијата одби да го ослободи поранешниот албански претседател, останува во затворски притвор

t

Судијата на Специјалниот суд  Ерјон Чела одлучи да не ја менува мерката за безбедност за поранешниот албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата, Илир Мета, оставајќи го во затворски притвор, пренесува Газета експрес.

Мета побара да биде ослободен од затвор, тврдејќи дека истрагите против него се затворени и дека случајот е испратен на суд, па затоа повеќе не постои ризик од уништување на доказите. Сепак, неговото барање беше одбиено.

Поранешниот претседател на Албанија беше уапсен на 21 октомври 2024 година и се соочува со обвиненија за корупција, перење пари и прикривање на имот. Беше уапсен на 21 октомври 2024 година и од тој момент е во притвор. Обвинувањата ги нарече политички, тврдејќи дека за нив нема кривични факти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судијата одби да го ослободи поранешниот албански…

Судијата на Специјалниот суд  Ерјон Чела одлучи…

Пожарите во Албанија ја зедоа и првата…

Ситуацијата со пожарите во Албанија се влошува,…

Албанија и Европол разбија голем нарко-картел! Запленети…

Специјализираното обвинителство на Албанија (SPAK), во соработка…

Косово, Албанија и Хрватска планираат заеднички да…

Косово, Албанија и Хрватска работат на спроведување…

Големи пожари во Албанија, се очекува помош…

Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу потврди…