Објавено на:

Судот во Стразбур: Српската влада да се изјасни дали е употребен звучен топ на протестот на 15 март

t

Европскиот суд за човекови права ѝ даде рок на Србија до 31 март да одговори околу тоа дали полицијата употребила неконвенционално звучно оружје на протестот во Белград на 15 март, јавуваат српските медиуми.

Тоа се наведува во соопштението на граѓанските организации во Србија, откако Судот во Стразбур официјално побарал одговори од Република Србија.

„Нашата држава доби рок до 31 март да се изјасни дали против демонстрантите биле употребени нелегални средства, која е правната основа за наводната употреба на такво оружје и кои се заштитните мерки против самоволна употреба на такви средства“, се наведува во соопштението.

Инцидентот на протестот на 15 март се случи за време на 15-минутното молчење во сеќавање на жртвите од падот на настрешницата во Нови Сад, кога наеднаш се зачу заглушувачка бучава, која предизвика паника и стампедо меѓу учесниците на мирниот протест, во која за среќа немаше посериозно повредени. Српските власти прво негираа дека воопшто поседуваат такво оружје, за потоа да одржат своевидна презентација со оружјето и да тврдат дека тоа бил обичен мегафон. Потоа се откри дека властите тајно и без тендер ги набавиле таканаречените уреди „LRAD“ (Long Range Acoustic Device), чијашто употреба како средство за разбркување демонстранти е контроверзна.

По ова, до Судот во Стразбур се обратиле неколку граѓански организации од Србија кои како што наведуваат, тоа го направиле во име на „47 граѓани на Србија, во врска со настаните што го прекинаа 15-минутното оддавање почит на жртвите од трагедијата на железничката станица во Нови Сад“.

Европскиот суд исто така побара од граѓаните кои му се обратиле да достават конкретни информации до 31 март, особено за здравствената состојба и здравствените последици што ги претрпеле српските граѓани кои биле изложени на звучни или слични уреди за време на мирниот протестен собир во Белград на 15 март 2025 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот во Стразбур: Српската влада да се…

Европскиот суд за човекови права ѝ даде…

Павел Христов – тивок херој кој четирипати…

Павел Христов, роден во 2004 година, е…

Утрово најстудено на Попова Шапка

Утрово најстудено беше на Попова Шапка, каде…

Апасиев поднел барање за утврдување одговорност за…

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев…

Во среда ќе нема струја од 4…

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре…