Судот во Стразбур ја казни Италија поради претресот на масонската ложа
Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска ја осуди Италија за претресот на архивите на масонската ложа Големиот Ориент на Италија, извршена како дел од истрагата за потенцијалните врски меѓу мафијата и масоните, и ѝ нареди Италија да ја плати здружението 9.600 евра за морална штета и 5.344 евра за трошоците на постапката.
Како што се наведува во пресудата објавена на веб-страницата на судот, во текот на истрагата што ја покрена парламентарната комисија уште во 2013 година, италијанските власти заплениле имиња и лични податоци на повеќе од 6.000 членови на масонската ложа.
„Случајот се однесува на претрес на просториите на масонското здружение наредено во контекст на парламентарна истрага за потенцијални врски меѓу мафијата и масоните. При претресот се запленети хартија и дигитални документи, особено списокот со имиња и лични податоци на повеќе од 6.000 членови на здружението“, беше објавено на веб-страницата на судот,пренесе Танјуг.
Во пресудата беше наведено дека со овој претрес и одземање е повредено правото на приватност, гарантирано со член 8 од Европската конвенција за човекови права.
Големата ориентална масонска ложа на Италија е основана во 1805 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судот во Стразбур ја казни Италија поради…
Европскиот суд за човекови права во Стразбур…
Италија испрати над 15 тони хуманитарна помош…
Помошта во авионот C-130J Super Hercules, кој…
Италијанската полиција уапси 13 лица поради криумчарење…
Италијанската полиција уапсила 13 лица поради криумчарење…
Пожар во хотел во Италија: 40 лица…
Голем пожар денеска избувна во хотелот Александар,…
Над 1.000 луѓе евакуирани поради невремето во…
Реката Сенио се излеа во населбата Кастел…