Судот одлучи: Ќе се гледаат снимките од куќата на Велибор Манев – Одбиени дел од предложените докази на Обвинителството

t

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето за убиството на малолетната ања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Обвинителството на минатото рочиште предложи нови докази, од кои дел биле најавени со поднесувањето на обвинителниот акт, додека дел не се најавени при поднесувањето на обвинителниот акт.

Судот денеска донесе решение дека не се прифаќаат доказите кои Обвинителството не ги најавило со поднесувањето на обвинителниот акт, додека се прифаќаат веќе најавените докази, односно ќе се изведуваат снимки од куќата на обвинетиот Велибор Манев кои според Обвинителството покажуваат групирање и организација на обвинетите пред сторување на кривично дело.

– Се работи за уред од безбедносните камери поставени на куќата на Велибор Манев, на истиот се наоѓа материјал од безбедносните камери, 7 на број, кој ги опфаќа деновите од 20.11 до 03.12.2023 година со 24-часовно снимање. Материјалот е екстрахиран на хард диск, а екстрахираниот материјал го следи известување од МВР БЈБ Оддел за форензички испитувања. Како доказ од овој видео-материјал предлагам да биде изведен на главната расправа видео-материјал на 6 ЦД-иња. Известувањата од секторот за оружје на МВР се однесуваат на фактот дали и кој од обвинетите поседува оружје со дозвола. Овие докази се обезбедени во текот на истражната постапка, нивното анализирање при поднесувањето на обвинителниот акт од 12.08.2024 година било во тек, но не било завршено и од тие причини истите се најавени во точка 16 од листата на докази која е поднесена со овој обвинителен акт, објасни обвинителката која појасни дека снимките покажуваат подготвување и групирање на обвинетите ноќта и дента непосредно пред убивање на Панче Жежовски, објасни обвинителката Стојковиќ Димитриевска на претходното рочиште.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не помина интерпелацијата на Тошковски

Попладнево во Собранието пратениците дебатираа за интерпелација…

Продолжува судењето за убиството на Вања и…

Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето…

Туфегџиќ: Таткото нема поврзаност со убиството на…

Александар Ѓорчевски нема никаква поврзаност со убиството…

Палевски на распит во обвинителството

Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…

Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…

„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…