Судот повторно ја „забавува“ јавноста со Миле Јанакиески, додека власта има криза – зошто судот не му ги засметува 4.8 години притвор во затворската казна
И речиси како по правило, секогаш кога владејачките елити се соочуваат со криза – политичка или корупциска – Миле Јанакиески служи како предмет за дефокусирање од сопствените проблеми.
Интересно функционира тоа, како да менуваш канал на телевизија, си нарачуваш од судот да ти продуцира тема – колатерала, нормално, Миле Јанакиески.
Денес, на екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески од страна на Апелацискиот суд во Скопје му беше потврдена затворската казна од 3.5 години во предметот „Титаник“, додека пак на сите останати обвинети, меѓу кои и Мартин Протуѓер им беа изречени условни казни затвор.
За да биде ситуацијата уште подраматична и толку поинтересна за јавноста која судот би требало да ја замајува од кризата на власта, на Јанакиески не му се признаваат ниту 4.8 години поминати во притвор како на сите други осуденици, па судот со решение веднаш го упатува на издржување затворска казна – бидејќи за Миле никој не ургирал.
Адвокатите на Миле Јанакиески веќе упатија барање за засметување на времетраењето на притворските казни од 4.8 години во казната затвор од 3.6 години.
Барањето веќе е упатено до Иван Џолев, претседател на Кривичниот суд во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Ужасни услови во затворот во Куманово
Нема вода, а тоалетот кој го користат…
Полицајци привеле осуденик, па немало место во…
Тројца полицајци од Битола заработија кривична пријава,…
(Видео) Запалено возило на командир во битолскиот…
Возило на командир во битолскиот затвор било…
ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прво барал рушвет, па сега…
Новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица,…
Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна…
Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во…