Сузана Манчиќ згодна во бикини на прагот на осмата деценија: „Сакајте се себеси“

t

Самодисциплината дава резултати, резултатите го креваат самопочитувањето“ – напиша Сузана Манчиќ на Инстаграм и сподели фотографија во бикини.

Најпопуларната лото девојка во поранешна Југославија, Сузана Манчиќ, наскоро ќе полни 69 години и е на прагот на осмата деценија.

Но, и покрај годините, таа изгледа одлично, исто како во времето кога секој вторник беше на малите екрани како водителка на познатата игра на среќа.

Сузана во моментов е на летување во Грција, каде што и живее со сопругот, Гркот Симеон Оцомокос.

А оттаму, таа сподели туристички фотографии, направени покрај ветерници, но и фотка во бикини.

Сузана има тело на кое може да ѝ позавидат дури и помладите жени. А преку фотката, се чини таа ја откри тајната на својот изглед – самодисциплина.

„Самодисциплината дава резултати, резултатите го креваат самопочитувањето – сакајте се себеси“ – напиша таа на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/DMdibWjo7UK/?utm_source=ig_embed&ig_rid=d6bb0647-7029-4f1e-b2f6-282168055bee

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сузана Манчиќ згодна во бикини на прагот…

Самодисциплината дава резултати, резултатите го креваат самопочитувањето“…

Тело пронајдено во Вардар кај Велес

Во реката Вардар, на влез во Велес…

Во Охридско езеро пронајдено безживотно тело на…

На 05.07.2025 година во 18.21 часот, во…

Трагедија во Охрид: Извлечено тело од водите…

Безживотно тело попладнево околу 14 часот е…

Ќе се врши обдукција на починатата жена…

Ќе се врши обдукција на починатото женско…