„Супорт Кочани“ ја покри целата вредност на првата пратка, која изнесува 923.458 денари
Организацијата „Супорт Кочани“ ја прими првата пратка со специјализирана компресивна облека наменета за настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. Облеката беше испратена од бугарската компанија Health2000, специјализирана за медицински помагала, пренесе БГНЕС.
Заедно со пратката, во Кочани пристигнаа медицински експерти од Бугарија, како и претставници на компанијата Juzo од Германија и Холандија. Тие одржаа обука за правилна употреба на компресивната облека, која е клучен дел од процесот на рехабилитација кај лица со тешки изгореници и трансплантирана кожа.
„Супорт Кочани“ ја покри целата вредност на првата пратка, која изнесува 923.458 денари, благодарение на донации од граѓани и компании. Организацијата соопшти дека веќе се обезбедени средства и за вториот круг на облека и јавно им се заблагодари на сите што несебично помогнаа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Супорт Кочани“ ја покри целата вредност на…
Организацијата „Супорт Кочани“ ја прими првата пратка…
Жалбата на пратеничката Мојсоска уважена: Собранието ќе…
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на својот…
Москва тврди: Западот подготвува провокација против американски…
Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) обвини…
Арсовска го фати жив Ѓорѓиевски: На УСЈЕ…
Добро утро Орце Ѓорѓиевски. Незгодно ми е…
Брутален руски напад на Киев – најмалку…
Најмалку 15 лица се убиени, а 114…