Суспендирана полицајката која му кажала на монструмот каде е убиената Низама
Полицајката од Градачац, Селимовиќ, која е поврзана со убиецот Нермин Сулејмановиќ, утре ќе биде суспендирана, дознава босанскиот портал „Аваза“.
Дознаваме дека Управата на полицијата врз основа на собраните докази побарала таа да биде суспендирана, а решението претпладне ќе го потпише комесарот, посочува порталот.
Селимовиќ утрово се вратила од Италија во Градачац.
Но, таа денеска отворила боледување бидејќи не се чувствува добро.
Полицијата има докази (фотографии) дека Селимовиќ имала контакти со други криминални лица, не само со Сулејмановиќ.