Суфицитот во меѓународната трговија на еврозоната е 16,4 милијарди евра

Првите проценки на билансот на еврозоната покажаа суфицит од 16,4 милијарди евра во размена на стоки со остатокот од светот во ноември 2024 година, во споредба со 18,2 милијарди евра во ноември 2023 година.
Извозот на стоки од еврозоната во остатокот од светот во ноември 2024 година изнесува 248,3 милијарди евра, што е намалување за 1,6 отсто во однос на ноември 2023 година (252,4 милијарди евра), објави Евростат.
Увозот од остатокот од светот изнесува 231,9 милијарди евра, што е пад од еден процент во однос на ноември 2023 година (234,2 милијарди евра).
Во ноември минатата година, суфицитот на еврозоната е зголемен речиси двојно во однос на октомври, од 8,6 милијарди евра на 16,4 милијарди евра. Овој пораст главно се должи на зголемувањето на вишокот на хемикалии и сродни производи (од 20,7 милијарди евра на 23,4 милијарди евра) и на поместување на салдото за други производни производи (од минус 1,2 милијарди евра на 1,9 милијарди евра).
Билансот на Европската унија покажа суфицит од 14,3 милијарди евра во размена на стоки со остатокот од светот во ноември 2024 година, наспроти 17,2 милијарди евра во ноември 2023 година.
Извозот на стоки надвор од ЕУ во ноември 2024 година изнесува 223,1 милијарди евра, што е за 1,2 отсто помалку отколку во ноември 2023 година (225,8 милијарди евра).
Увозот од остатокот од светот изнесува 208,8 милијарди евра, што е за 0,1 отсто повеќе отколку во ноември 2023 година (208,6 милијарди евра).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Економист“: Бугарија нема да влезе во еврозоната…
Бугарија нема да влезе во еврозоната и…
Хрватска очекува поголем економски раст од просекот…
Економијата на еврозоната веќе некое време е…
Рекордно висок месечен трговски суфицит во еврозоната
Месечниот трговски суфицит на еврозоната се искачи…
Рекордно ниска невработеност во еврозоната на крајот…
Невработеноста во еврозоната била на рекордно ниско…
Гардијан: Руската економија расте три пати побрзо…
БДП-то се предвидува да се зголеми за…