Сѐ уште се трага по убиецот од Батинци каде настрада припадник на Армијата
Безбедносната состојба во Македонија е значително подобрена во споредба пред две години, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, реагирајќи на обвинувањата од страна на СДСМ за нарушена безбедност.
„Македонија е денес далеку побезбедна отколку што беше пред две години. За тоа говорат бројките, граѓаните и фактите. Нормално е опозицијата да обвинува, тоа е нивна работа, но би било добро тоа да биде со реална споредба и факти“, изјави Тошковски одговарајќи на новинарско прашање.
Во врска со убиството во скопското село Батинци, кое е второ убиство во ова населено место за една година, министерот Тошковски информира дека случајот е делумно расветлен од страна на МВР.
„МВР го расветли случајот од аспект на сторител и преземени дејства. Во тек е постапка за идентификување на локацијата на сторителот. Не би сакал да навлегувам во повеќе детали“, рече Тошковски.
реклама
Припадниот на Армијата, А. М., минатата недела беше застрелан во селото Батинци. МВР тогаш соопшти дека лицето М. Џ. пукало со огнено оружје кон возило „киа“, кое било во движење. А. М. (50) добил прострелни рани во пределот на градниот кош и бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде што во 11 часот од страна на доктор била констатирана смрт.
Осомничениот Муса Џавит сѐ уште не е пронајден и, според сознанијата на истражните органи, најверојатно ја напуштил земјата. Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека Џавит веќе подолго време се бара со меѓународна потерница за претходно извршено убиство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сѐ уште се трага по убиецот од…
Безбедносната состојба во Македонија е значително подобрена…
Арсовска со жестока реакција по изјавите на…
Во вашиот случај Меџити се работи за…
Оружен арсенал пронајден кај охриѓанец: Поднесена кривична…
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична…
(Видео) Мицкоски се пофали дека Греко му…
Замислете!? Замислете дочекавме!! ЕДЕН греко му ставил…
Реакција на СДСМ: Мицкоски манипулира, ГРЕКО констатира…
„Скандалозна и манипулативна е изјавата на премиерот…