Сè повеќе израелски војници вршат самоубиства
Дваесет и осум израелски војници извршиле самоубиство од избувнувањето на војната во Газа во октомври 2023 година, објави Армијата, пренесува Анадолија.
Во военото соопштение се вели дека 17 војници се самоубиле во 2024 година.
„Бројката е поголема од 2023 година кога 17 војници починаа во „веројатни самоубиства“, вклучително и седум по избувнувањето на војната“, се додава во соопштението.
Според податоците објавени од Армијата, најмалку 891 израелски војник се убиени, а 5.569 други се повредени од избувнувањето на конфликтот во Газа.
Армијата објасни дека 363 војници биле убиени во 2024 година, додека 558 војници во 2023 година, а само 44 во 2022 година.
„За спречување на самоубиствата, телефонската линија за психичко здравје функционира деноноќно“, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…
Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…
Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…