ТАВ ја завршува реконструкцијата на пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје

t

ТАВ Македонија, за утре, сабота, 28-ми мај, најавува дека ќе ја заврши реконструкцијата на пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје и од 17 часот попладнето летовите ќе почнат да се одвиваат во текот на целото деноноќие.

Градежните работи за реконструкција на пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје почнаа на 28-ми март и оттогаш досега распоредот на летови беше изменет, односно летовите се одвиваа од 17 часот до 9 часот секој ден, а од 9 часот до 17 часот се работеше на пистата.

„Овој голем инвестициски проект завршува по 62 дена градежни работи за обновување на асфалтот на пистата на скопскиот аеродром. Ние во ТАВ сме задоволни и уверени дека успешното завршување на проект од овој вид за првпат по реконструкцијата на пистата во 1996 година ќе обезбеди повисок квалитет на аеродромските услуги. Би сакале да се заблагодариме на сите засегнати страни и чинители бидејќи навистина ја цениме нивната соработка, поддршка и придонес“, изјави Метин Батак, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје е долга 2.950 метри и широка 45 метри, а овој проект за реконструкција на пистата е прв по реконструкцијата на пистата на скопскиот аеродром во 1996 година, кога истиот бил целосно затворен за сообраќај во период од 2,5 месеци, а авиосообраќајот бил префрлен на охридскиот аеродром.

ТАВ Македонија ги советува патниците редовно да ги следат и проверуваат веб-страниците на авиокомпаниите, со цел да ги видат најновите/евентуалните измени за летовите од/до Меѓународниот Аеродром Скопје.

На веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во категоријата „Летови“ (Пристигнувања/Заминувања) информациите за евентуални промени во редот на летање се ажурираат редовно и во реално време, како што ТАВ Македонија ги добива од авиокомпаниите.

Текстот ТАВ ја завршува рехабилитацијата на пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје е превземен од МАКФАКС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОЛА МИЛИЈАРДА ВО ЏЕБ НА ЕДНА ФИРМА!…

34 милиони и 220 илјади денари ќе…

Татко и син се тепале со сосед…

Половина час по полноќ синоќа, во полиција…

(Видео) Општина Аеродром го скрати спонзорството за…

Општина Аеродром е во толку лоша финансиска…

Маглата го парализира авионскиот сообраќај: Пренасочени и…

Густата магла што ја зафати Скопската котлина…

Хакери го нападнаа компјутерскиот систем на двата…

Хакери го нападнаа компјутерскиот систем на двата…