Објавено на:

Тага во Италија по смртта на папата: Одложени сите натпревари во Серија А!

t

По веста за смртта на папата Франциско, кој почина во утринските часови на 21 април 2025 година, италијанската фудбалска лига Серија А донесе одлука да ги одложи сите денешни натпревари, вклучително и натпреварите на Примавера 1, поради почит кон починатиот поглавар на Католичката црква, Хорхе Бергољо.

Одлуката се однесува на 33-то коло во Серија А, кое е одложено до понатамошно известување. Од Здружението велат дека овој потег го следи примерот од 2005 година, кога по смртта на папата Јован Павле Втори, исто така имаше прекин на спортските настани низ Италија.

Да потсетиме дека тогашниот претседател на Италијанскиот олимписки комитет (КОНИ), Џовани Петручи, нареди суспензија на сите спортски натпреварувања, вклучително и натпреварите во Серија А, веднаш по објавувањето на веста за смртта на папата.

Голема е веројатноста овојпат сите натпревари да бидат презакажани, согласно календарот за натпреварување и обврските на клубовите.

Натпревари кои во моментов се одложени:

  • Торино – Удинезе
  • Каљари – Фиорентина
  • Џенова – Лацио
  • Парма – Јувентус

Се очекува Лигата во наредните денови да објави нови термини за овие натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД, Италија, Романија и Бугарија одржуваат голема…

Единици на САД, Италија, Бугарија и Романија…

КФОР им додели медали на војници од…

Свечена церемонија за доделување медали на војници…

(ФОТО) Италија воодушевена од акцијата на припадник…

Италијанските карабинери објавија информации за херојскиот потфат…

Тага во Италија по смртта на папата:…

По веста за смртта на папата Франциско,…

Докторка од Италија која го лекувала штипјанецот…

Директорката на Педијатриската клиника на Универзитетската болница…