Тажна вест: Планинар од Скопје починал на Пелистер, пронајден е на околу 2.000 метри надморска височина
Од Регионалниот ЦУК Битола и од Министерството за внатрешни работи, информираа дека телото на починатиот планинар било забележано кај меноста „Ловечка куќа“, а според првичните сознанија се работи за повозрасно лице од Скопје, со иницијали А.С.
Планинар од Скопје починал во националниот парк Пелистер. Од Регионалниот ЦУК Битола и од Министерството за внатрешни работи, информираа дека телото на починатиот планинар било забележано кај меноста „Ловечка куќа“, а според првичните сознанија се работи за повозрасно лице од Скопје, со иницијали А.С.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш ја извести Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од Битола коишто имаат тим за интервенции во планински услови и тие се ангажирани телото на починатото лице да го транспортираат до првото место каде што може да дојде возило на Итна медицинска помош за да го преземе.Екипа на МВР треба да изврши увид на местото и да ја утврди причината за смртта на планинарот.
Местото каде што било пронајдено лицето кај месноста „Ловечка куќа“ се наоѓа на околу 2.000 метри надморска височина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…
*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…
(Видео) Вака изгледаат 500.000 евра во Битола:…
500.000 евра чинела патеката која се сопнува…
ХОРОР во Битола! Внука се обидела да…
Внука се обидела да ги убие сопствените…
24 години од нападот кај Гајре, во…
Денес се навршуваат 24 години од нападот…
МОН ќе чека да заврши кривичната постапка,…
Од Министерството за образование и наука денеска…