Така прави сериозна држава: Турција кривично ќе гони двајца европски политичари што поттикнувале палење на Куранот

t

Турски обвинители почнаа истрага против дански и холандски политичари под обвинение за поттикнување омраза и непријателство во јавноста и за навреда на верските вредности, јави агенција Анадолија.

Овој потег следи откако данско-шведскиот екстремист Расмус Палудан минатата недела во два наврати запали примероци од Куранот, прво пред турската амбасада во Шведска, а потоа и пред џамија во Данска.

Палењето на светата книга не е настан што треба да се занемари. Слободата на изразување не може да се користи за поттикнување, навреда, понижување, богохулење и напади врз светите вредности. Европа треба да реагира – изјави портпаролот на турското претседателство Ибрахим Калин.

Едвин Вагенсвелд, крајно десничарски холандски политичар и водач на исламофобната група „Патриотски Европејци против исламизацијата на Западот“ (PEGIDA), искина страници од примерок на Куранот во Хаг, а потоа, како што е објавено на интернет, ги запалил искинатите страници во тепсија.

Осомничените извршиле дела на јавно поттикнување јавна омраза и непријателство кон светите вредности на исламската вероисповед, Куранот и Пратеникот на исламот, и отворено ги навредуваа верските вредности што ги застапува дел од луѓето“, се наведува во соопштението на обвинителите во Анкара.

Многу муслимански држави, а особено Турција, жестоко реагираа поради тоа што надлежните власти дозволија палење на Куранот. Во Турција и во многу други држави се одржаа протести по сквернавењето на Куранот.

Германското Министерство за надворешни работи соопшти денеска дека германскиот конзулат во Истанбул е затворен поради зголемена закана од напад.

Како што јави ДПА, Германија ги предупреди своите граѓани во Истанбул дека ризикот од напад е особено висок во централниот кварт Бејоглу и околу плоштадот Таксим.

Германското МНР соопшти дека потегот за затворање на конзулатот е направен по „проценката на безбедносните власти“ и ги повика граѓаните да бидат особено внимателни и да избегнуваат гужва.

Германија, Шведска, Норвешка и Данска, како и САД, уште минатата недела ги предупредија своите државјани за зголемен ризик од напад во Турција.

Расмус Палудан, лидерот на данската крајнодесничарска партија „Stram Kurs“, минатата недела под полициска заштита изврши провокативен чин на палење на светата книга Куран пред џамија во Копенхаген, а потоа продолжи со провокации и запалил копија од Куранот пред турската амбасада во главниот град на Данска. Тој се закани дека планира да пали по една копија од куранот секоја недела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три лица од Турција нападнати кај кањонот…

– Вчера во 18:30 часот во СВР…

САД ѝ се заканија на Турција со…

Помошникот на шефот на американското Министерство за…

Турција го блокира Инстаграм

Овој потег уследи по коментарите на турскиот…

Турција ќе ги заловува, но нема да…

Турскиот парламент усвои закон што налага сите…

Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…

Турција би можела да влезе во Израел…