Талат Џафери официјално е кандидат за технички премиер на ДУИ!

Талат Џафери е предлогот на Али Ахмети и ДУИ за првиот премиер Албанец кој ќе ја предводи техничката Влада од 28 јануари до 8 мај и до формирањето на новата Влада по изборите, објави на Фејсбук првиот вице-премиер Артан Груби.
– Предлогот на претседателот Али Ахмети за г-дин Талат Џафери да биде наш кандидат за прв Премиер албанец на Република Македонија беше едногласно поддржан од членовите на Централното претседателство на Демократската унија за интеграција.
Визијата на Али Ахмети за еднаквост во нашата земја се заокружува и од оваа негова предвидливост профитира нашето општество, нашата земја и сите граѓани. – напиша Груби на Фејсбук.

Премиерот Ковачевски на 28 јануари ќе ја напушти позицијата Претседател на Владата на Република Македонија, по што ќе биде формирана техничката Влада која во 100 денови ќе ги организира парламентарните и претседателските избори.
Согласно договорот постигнат на лидерската средба, првиот круг на претседателските избори ќе се одржи на 24 април, додека вториот круг од претседателските избори ќе се одржи заедно со парламентарните избори на 8 мај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
ДУИ: Трагедијата што се случи бара јасна…
Демократската унија за интеграција објави соопштение по…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…