Талевска открива детали за односот на Груевски со Камчев и Мијалков: Тие беа скарани, јас самата се уверив на состанок кај Груевски
На днешното рочиште на случајот „Плацеви на Водно“ сведочеше новинарката Ивона Талевска, која од 2011 до 2016 година работела во телевизија „Сител“, но и во вестникот Вечер.
Во своето излагање пред судот таа истакна дека од брифинзите и состаноците кој ги имала во Владата во 2013 година можело да се дојде до заклучок дека односот помеѓу бизнисменот Орце Камчев и тоганиот премиер Никола Груевски, но Владата на Република Македонија биле катастрофални.
Според неа причината за кавгата помеѓу Груевски и Камчев биле написи во одредени медиуми во кои се критикува работата на државната гинекологија, а екс-премиерот сметал дека тие написи се нарачани од тогашниот и актуелен сопственик на приватната болница Систина.
-Во април месец 2013-та година имаше написи во сите печатени медиуми и на националните телевизии кои се однесуваа на работата на државната клиника за гинекологија и проблемите во нејзиното функционирање, опременоста, функционалноста итн. И ова прашање од медиумите беше кренато на највисоко ниво, сите медиуми известуваа вклучително и Вечер, од медиумите беше третирано како важно и кренато на највисоко ниво. Во извештаите медиумите се повикуваа на изјави на граѓани, анонимни извори, кои имале проблеми на Гинекологија. Бидејќи беше важно и се работеше за здравјето на граѓаните, се јавивме на Клиниката за Гинекологија за да добиеме информација што точно се случува таму и да ја добиеме нивната страна од приказната детално да ни објаснат за функционирањето. Од клиниката не упатија да се јавивме во министерството за здравство и Владата кои се надлежни да ни одговорат. Ја контактирав прес- службата на Владата од каде ме упатија да го контактирам кабинетот на премиерот кај неговата секретарка за да ги поставам наведените прашања. Тоа го сторив за следниот ден да ме известат дека имам закажана средба во Владата на РМ со премиерот Никола Груевски. Следниот ден отидов на закажаната средба во зградата на Владата и премиерот ме извести дека министерот за здравство е отсутен и не може да одговори на темите врзани за јавното здравство во врска со државната клиника за Гинекологија и дека тој ќе ми одговори на прашањата. Тој ми одговори на темите и прашањата кои ме интересираа при што нагласено беше дека треба да се обрне повеќе внимание за јакнење на авторитетот на јавното здравство на сметка на приватното здравство и дека оние кои се занимаваат со приватно здравство треба да останат во тој сегмент, а не да се мешаат во работата на јавното здравство. Од неговите одговори ние ги презентиравме ставовите на државното здравство во текстот и објавивме инормација дека Орце Камчев ја налути Владата. Тоа беше насловна на Вечер од април месец 2013-та година бидејќи проценките беа дека написите во одредени медиуми против државната клиника за гинекологија доѓаат од сопственикот на болницата Систина, истакна Талевска.
На објавениот текст дека „Камчев ја налутил Владата“ бизнисменот тогаш жестоко реагирал открива Талевска.
-Откако излезе од печат тоа издание на весникот Вечер, мене ми се јави господинот Орце Камчев видно вознемирен од сето тоа што беше објавено како текст со барање да биде објавен и неговиот став што јас го одбив бидејќи веќе претходно ставот на Систина беше застапен во печатеното издание во Вечер и со повторно објавување на ставовите само ќе имало повторување на ставовите. Морам да признаам дека тој разговор не беше пријатен и ние извесно време не комунициравме бидејќи ми се налути, додава таа.
На потпрашање Талевска открива дека во тие моменти Груевски и Камчев биле во исклучително лоши односи.
На прашање лично од бизнисменот Камчев дали од тоа може да заклучи дека воопшто немало никаква бизнис релација меѓу него и Груевски додека тој бил премиер, Талевска рече дека, тој тоа јавно го потврдил на прес-конференција во 2013 година, кога рекол дека ниту имал, ниту планирал средба со бизнисменот Камчев.
-Тој тоа јавно го потврди на прес-конфренција во пролетта кон средината на 2013-та година. Мој колега го праша околу кардиохирургијата Филип Фтори и на тоа прашањето премиерот одговори дека ниту имал, ниту ќе има, ниту некогаш дека ќе се одржи средба со Орце Камчев, истакна Талевска.
На прашање од Судот, какви биле односите на Груевски со Мијалков, Талевска рече дека нејзин личен заклучок е дека тие не биле во најдобри односи.
-Со оглед на фактот дека во мојата кариера дури ни службено не сум соработувала со господинот Мијалков јас можам да пренесам само лични импресии од односот на премиерот и сметам дека не беа во најдобри односи. Тоа е мој личен заклучок, одговори Талевска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…