Талески: Треба да изгинеме на ЕП – па кога друг пат ќе играме пред 55.000 гледачи!

t

Најдобрите македонски ракометари последните денови од годината традиционално ги минуваат во сала, подготвувајќи се за настап на големо натпреварување, овој пат на ЕП 2024 во Германија, каде што првиот меч ќе го одиграат против Франција на фудбалски стадион во Диселдорф.

Токму ова, односно шансата да се игра пред неверојатни 55.000 гледачи, им дава дополнителен мотив на избраниците на селекторот Кирил Лазаров, кои неделава се во Стара Пазова (Србија) каде што ја одработуваат првата фаза од подготовките.

„Добивме најтешка група, но тоа ќе биде голем предизвик за сите нас. Првенството ќе го отвориме против Франција, селекција која што на секој собир го напаѓа златниот медал. Тоа ќе биде мотив плус за нас. Не треба да имаме голем притисок, треба да уживаме, но и да изгинеме, бидејќи можеби никогаш повеќе во животот нема да имаме шанса да играме пред 55.000 гледачи на фудбалски стадион“, изјави Филип Талески.

Ракометарот на Бенфика е задоволен од досега одработеното и верува дека Македонија ќе се прикаже во вистинско светло.

„Среќен сум што Македонија повторно ќе настапи на големо натпреварување и тоа во земја која што живее за ракомет. Германија го сака спортот и многу вложува во ракометот, ова ќе биде голема можност за нас да се покажеме како репрезентација. Со ваква атмосфера и со новитетите што ги подготви селекторот имаме големи шанси да се покажеме во вистинско светло“, дополни Талески.

Жолто-црвените историскиот меч на стадионот во Диселдорф ќе го одиграат на 10 јануари против Франција, додека останатите две средби од групната фаза ќе ги одиграат во Берлин и тоа на 14 јануари против Германија и два дена подоцна против Швајцарија. Пласман во следната фаза ќе обезбедат двете првопласирани од секоја група.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…

Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…

Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…

Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…

Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…

Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…

Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…

Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…

Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…

И по 23 години од случувањата на…