Талибанците направија распоред: Мажите и жените од Авганистан ќе одат во парк во различни денови
Талибанското Министерство за промоција на доблести и спречување на пороци денес нареди дека сите забавни паркови мора да спроведуваат родова сегрегација, што значи дека семејствата повеќе не можат да одат заедно на тие места.
Според распоредот на министерството, жените од недела до вторник ќе можат да одат во забавните паркови во и околу Кабул и ќе мора да носат исламски хиџаб, додека мажите ќе можат да се забавуваат од среда до сабота.
Авганистанките сè уште не смеат да одат во средно училиште
Талибанците во средата ја продолжија забраната за средно образование за девојчињата, а одлуката предизвика протести кај наставниците, студентите и активистите за правата на жените.
Во петокот десетици жени беа приведени на аеродромот во Кабул и не пристигнаа на нивниот лет бидејќи не беа придружувани од маж.
„Родовиот апартхејд во Авганистан зема замав на застрашувачки начин“, рече Хедер Бар од Human Rights Watch (HRW).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белгија насилно ќе депортира мигранти од Авганистан
Белгија подготвува план за насилно враќање на…
(Видео) Талибанците го напаѓаат Пакистан: Не ни…
Авганистанските талибанци започнаа бран артилериски напади врз…
Украина ќе почне да мобилизира жени?
Украинскиот парламент, Врховната Рада ги направи првите…
БОЛЕСТ! „Телеграф“: Мажи ќе земаат деветгодишни девојчиња…
Ирак се подготвува да ја намали законската…
СИЛЕН земјотрес го погоди Авганистан
Земјотрес со јачина од 5,4 степени според…