Талибанците ја спроведоа првата јавна егзекуција во Авганистан
Талибанските власти денеска егзекутираа Авганистанец осуден за убиство – прва јавна егзекуција откако талибанците ја презедоа власта минатата година.
Егзекуцијата беше извршена во западната провинција Фарах пред неколку стотици луѓе и пред бројни талибански претставници, изјави Забинула Муџахид, портпарол на талибанската влада.
Тој рече дека одлуката за извршување на смртната казна била донесена „многу внимателно”, откако била одобрена од трите главни судови во Авганистан и врховниот водач на талибанците Мула Хаибатула Ахунџада.
Егзекутираниот Авганистанец беше осуден за убиство на маж пред пет години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Талибанците извршија јавна егзекуција на маж осуден…
Талибанците денеска извршија јавна егзекуција на маж…
Не е повеќе Авганистан најголем светски производител…
Според ОН, Мјанмар бележи значителен пораст на…
Производството на афион во Авганистан падна за…
Производството на афион во Авганистан, некогаш најголемиот…
За само 4 дена Израел фрли повеќе…
За само 5 дена Израел фрли повеќе…
(Видео) Морничави сцени од Авганистан десетици села…
Морничави сцени од Авганистан по страшниот земјотрес…