Тамара Тодевска со хуманитарен концерт: Пееме за Кочани

t

Со цел поддршка и помош на семејствата на починатите граѓани и повредените во трагедијата во Кочани, Тамара Тодевска организира хуманитарен солистички концерт.

Имено, овој музички настан ќе се одржи на 17. април (четврток), од 20:00 часот, во Младинскиот културен центар (МКЦ).

Средствата од продажбата на билетите ќе бидат наменети за семејствата на починатите граѓани, како и за сите повредени во трагедијата.

Информациите за продажбата на карти ќе бидат објавени претстојните денови, а Тамара ги повикува сите свои фанови и луѓе кои ја почитуваат македонската музика да бидат дел од овој концерт:

-Хуманоста и солидарноста се вредностите кои можат да ја вратат надежта, а се толку потребни за семејствата на починатите и повредените граѓани во трагедијата во Кочани. Во моментите на тага и жалост – да останеме луѓе, да пееме македонска музика, да пееме за Кочани. На 17. април (четврток), во @mkc_skopje, од 20:00 Ве повикувам на хуманитарен концерт за Кочани, посочи Тодевска на своите профили на социјалните мрежи.

Продажните места за картите за овој концерт ќе бидат објавени на офијалните канали на социјалните мрежи на Тамара Тодевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тамара Тодевска со хуманитарен концерт: Пееме за…

Со цел поддршка и помош на семејствата…

Професорот Трајковски: Експертска влада за спас и…

Експертска влада за спас и нов почеток…

Дејан Георгиевски освои злато за Македонија

Дејан Георгиевски, нашиот спортски херој од ОИ…

Трамп: Лут сум на Путин

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ќе…