Таравари бара албанскиот јазик да влезе во Уставот

t

Претседателот на владеачката Алијанса за Албанците Арбен Таравари смета дека не треба да се пропушти момемнтот при отворање на Уставот за внес на Бугарите во Преамбулата да се замени и формулацијата 20 отсто со албански јазик. Тој во интервју за Гласот на Америка во Вашингтон изјави дека за тоа не гледа дека би  имале против ни СДСМ, ни ВМРО-ДПМНЕ, ни шефот на државата.

„Де факто и де јуре албанскиот јазик е јазик којшто се користи секојдневно во Македонија во сите институции. Целата филозофија која што ја дебатираме сега е дали ќе стои албански или ќе стои бројка дваесет проценти. Ние сметаме дека ова е момент кога нашите сограѓани Македонци и нивните претставници политичките партии ќе видат дека е стварно моментот да ја тргнеме таа бројка. Како што инсистирам и македонскиот јазик да се користи така како што треба кога се напаѓа од било која држава, така и албанскиот сметам дека не треба да стои како проценти туку само тие 20 проценти да се заменат со албански јазик. Од албанските партии апсолутно сите се за тоа, и од македонските јас не гледам поголема пречка и СДСМ и ВМРО и декларативно. Меѓутоа и меѓу нас кога зборуваме, па дури и претседателот на државата пред неколку дена кажа дека е апсурдно да се користат проценти за еден јазик кој што и формално и правно се користи во државата. Така да се надевам дека овој е моментот кога ќе ги направиме овие промени заедно со воведување на Бугарите во преамбулата и тераме понатаму со европската агенда која што нема друга алтернатива за нашата држава во која што живееме“, кажа Таравари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Лавров: Има Албански и Косовски паравоени формации…

Русија внимателно ги проверува информациите кои сугерираат…

На албански мафијаш во затвор му испраќале…

Познатиот албански истражувачки новинар од светот на…

На Албански па на Македонски: Законот за…

Огромен револт кај граѓаните предизвика објавата на…