Таравари горд што успеале да го ослободат терористот на УЧК, Блерим Рамадани: Ја исполнивме мисијата!
Министерот за здравство Арбен Таравари го поздрави ослободувањето на терористот од УЧК, Блерим Рамадани.
– Го поздравувам ослободувањето на поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани!
Неговото ослободување беше мисија што ја исполнивме и неговата слобода не прави сите среќни! – напиша Таравари на Фејсбук.
Екс припадникот на ОВК Блерим Рамадани, баран од Србија за екстрадиција, пред неколку денови беше пуштен од притвор од Затворот Скопје. Косовскиот граѓанин според решението, е упатен во домашен притвор на адреса во Скопје. Пуштањето на Рамадани се случува само еден ден по официјалната посета на министерот за внатрешни работи на Косово Џелал Свечла на Скопје.
Поранешниот припадник беше приведен на граничниот премин Јажинце, на влез во Македонија, по распишаната потерница од Србија. Рамадани е на списокот со меѓународни потерници за припадниците на ОВК на Србија, осомничени за воени злосторства на Косово во периодот од 1997 до 1999 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таравари горд што успеале да го ослободат…
Министерот за здравство Арбен Таравари го поздрави…
Хајзири кој уби српски полицаец во Лозница…
Албанецот Фатон Хајризи пукал во српската полиција…
(Видео) Апасиев: Ај направете војна да ве…
- Албанската полиитчка елита во Македонија е…
Петровска: Од скандирањето „УЧК“ корист нема никој
„Скандирањето на извиците ‘УЧК’, во било кое…
Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…