Таравари го разреши Арбен Фетаи од партиската функција
На вонредното собрание на АА од крилото на Арбен Таравари, беше разрешен шефот на собранието, Арбен Фетаи. Состанокот на Собранието, како што рече Таравари, го иницираа 2/3 од членовите, а доаѓа неколку дена откако дел од високите функционери на оваа партија се спротивставија на неговата одлука да ја напушти Владата и коалицијата. За нов претседател на собранието на АА е избран Назим Таипи.
„Исклучивме и некои членови на Претседателството кои веќе јавно се изјаснуваат против Алијансата за Албанците, членовите на Претседателството кои беа избркани се вкупно 8 од 46 членови на Централното претседателство, така што Претседателството продолжува со мнозинството членови, Собранието со апсолутно мнозинство во Централното собрание. За Мимоза Муса одлуката не беше донесена, бидејќи не беше добро дефинирана пораката,дали останува со Алијансата за Албанците, или останува со ВЛЕН, немаме јасна порака“, рече Таравари.
Таравари најави дека на Собранието била потврдено одлуката партијата да ја напушти владата и да се кандидира сама на локалните избори во октомври. Таравари вели дека на локалните избори ќе соработува и со ДУИ и со Влен.
„Во Битола, во Кичево, во Брвеница, во Чашка, во Преспа, во Бутел ќе соработуваме и со ДУИ и со Влен бидејќи само така можеме да им помогнеме на Албанците и тоа е од албански интерес, во другите општини гледаме….Не исклучуваме соработка со која било опозициска политичка партија“, рече Таравари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…
Таравари: Одиме со посебни советнички листи и…
Засега имаме сигурна одлука дека одиме со…
Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Таравари избран за редовен професор на Meдицинскиот…
Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен…