Таравари: Десет лекари од приватното сакаат да се вратат во јавното здравство
Не би сакал со имиња да одам и мислам дека не е коректно. Неврологија, Неврохирургија, во „8. Септември“ им треба инфектолог. Ова се тие што се сеќавам во моментов, но мислам дека приближно се десет колеги, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари запрашан за дали, кои и колку лекари од приватни болници сакаат да се вратат во јавното здравство и кои скопски клиники и болници ги бараат тие лекари и специјалности.
Според министерот, дел од лекарите се во процедура на трансфер, но ќе биде потребно време. Таравари тврди дека има кадри и од внатрешноста кои се заинтересирани да работат во државното здравство.
-Сега приближно десет, до крајот на годината нека бидат 15-20. Камо среќа и идната година да имаме 10,15. Не се работи за стотици или илјадници, кажа министерот на платформа во Владата.
Уште претходно првиот човек во здравството информира дека има интерес од доктори кои работат во приватни здравствени установи, да се вратат во државните.
-Имаше забрана од Влада од јули или од август 2022 година, да не можат да се вработат – од приватна да поминат во јавните здравствени установи. Јас би сакал да информирам и официјално дека пред три недели го поминавме на Влада, да се тргне таа забрана и сега подготвуваме правилник во Министерството за здравство. Не може сите доктори, туку само докторите кои се специјалисти по одредена специјалност – медицина, фармацевти специјалисти и стоматолози специјалисти, но, само доколку директорот на Клиниката ни каже дека има потреба, рече Таравари на почетокот на месец октомври.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тетовските медицински сестри три месеци без плата…
Десетици медицински сестри и техничкиот персонал од…
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…
Таравари: Одиме со посебни советнички листи и…
Засега имаме сигурна одлука дека одиме со…
Филипче: Нема никакво вработување на 600 лекари,…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче истакна дека…
Бајден откри кога би се повлекол од…
Во последните недели, се поголем број демократи…