Таравари за Мицкоски: Ме радува фактот што има одлични односи со САД, и тоа сите го знаат!
Во денешното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, Арбен Таравари зборуваше и за евроинтегративниот процес на Македонија и постапката за уставните измени.
Таравари вели дека го радува фактот што премиерот Христијан Мицкоски има одлични односи со САД, но во врска со уставните измени, Таравари откри дека Мицкоски побарал гаранција од Брисел и Вашингтон.
„Што се однесува до европските интеграции, првиот договор беше токму интеграцијата на Македонија. Мене ме радува фактот што господинот Мицкоски има одлични односи со САД, и тоа сите го знаат. Исто така има коректни односи со земјите од Европската унија. Единствениот проблем е што господинот Мицкоски бара некаква гаранција дека ова ќе биде последниот услов. Ако може да се најде решение за таа гаранција, која треба да ја дадат Брисел или Вашингтон… Мицкоски вели: „Да ги направиме уставните измени, бидејќи ги имаме бројките, но нивната примена да биде откако ќе станеме членка на ЕУ, затоа што тогаш веќе нема да може Македонија да се условува’,“ изјави Таравари, појаснувајќи дека ова не е условување од страна на Мицкоски кон ЕУ, туку дека тој бара гаранција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…