Таравари: Морталитетот на Детската клиника е многу помал споредбено со минатото

t

По неколкуте смртни случаи на деца за релативно краток период во Клиниката за детски болести – Скопје во изминатиот период, министерот за здравство Арбен Таравари вели дека директорот Реџеп Мемеди му испратил статистики од минатото и сега, каде што се забележува дека морталитетот на Клиниката оваа година споредбено со претходните е многу помал. Тој вели дека за жал во јавноста се злоупотребуваат сите случување и оти на клиниките, за жал, се случва да има смртни случаи.

„На сите директори им даваме шест месеци барем да раководат и затоа се в.д директори. Потоа ќе видиме, ќе одлучиме како ќе продолжиме“, изјави Таравари.

За само еден месец, на Детската клиника имаше три смртни случаи, а последно во низата беше смртта на петгодишно девојче кое на петти ноември починало на Детската клиника од воспаление на мозокот.

Девојчето, според информациите што ги објавуваат медиумите, претходно било хоспитализирано поради силна главоболка. Откако било примено на клиниката прво било лекувано на Одделот за неврологија, но откако минатата недела состојбата му се влошила тоа било префрлено на Одделот за интензивна нега. Таму на девојчето му била направена и интубација, но, и покрај напорите на медицинскиот кадар, тие не успеале да го спасат детето кое развило менинго-енцефалит и пред два дена починало.

Претходно, на клиниката почина и 14 месечното бебе за што двајца доктори специјалисти од Детската клиника времено се отстранети од работа од установата додека за нив се води дисциплинска постапка согласно членот 192 од Законот за здравствена заштита.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари: Морталитетот на Детската клиника е многу…

По неколкуте смртни случаи на деца за…

Само 23 отсто од Французите го поддржуваат…

Само 23 отсто од Французите го поддржуваат…

Таравари: Нема логика за нови избори

Министерот за здравство и дел од албанската…

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да…

„За нас како партија, но и како…

Сијарто: Победата на Трамп може да донесе…

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер…