Таравари не исклучува можност за влез во Владата: Постојат канали за комуникација
Новоизбраниот лидер на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари по изборот на вонредниот конгрес во Тетово, рече дека политиките на партијата остануваат исти, а воедно тоа се однесува и на евентуалното учество во Владата. Во одговор на новинарските прашања по изборот тој рече дека Алијанса за Албанците не води преговори за да биде дел од владината коалиција.
-Нема нешто конкретно. Не би сакал нешто да дезинформирам. Дека имаме контакти, тоа е неспорно, меѓутоа дека немаме нешто одлука и тоа е сигурно. Мене ми треба да има органи на партијата, тела на партијата затоа ќе се обидам да се одржи што побргу Собранието на партијата за да го избереме и Централното претседателство, како би функционирале како што треба, рече Таравари.
Комуникација редовна има и канали на комуникација постојат, додаде, посебно меѓу нашите пратеници кои се секојдневно во парламентот и комуницираат едни со други.
-Не сме стигнати до министерски места, не исклучувам можност, меѓутоа засега нема таква понуда да речам. Но ви велам јас очекувам да се формираат партиските тела. Без тоа како да одлучува еден човек, посочи Таравари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог…
Именувани се в.д директори на Царинската управа…
Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Влада во Влада: Владините функционери од ВЛЕН…
Продолжува паралелното функционирање на членовите на Владата…