Таравари: Ни се случува шок, десетици имаат изгореници и нормално дека немаме капацитети добро да ги третираме кај нас

t

Министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конференција истакна дека голем дел од пациентите со изгореници се испратени во странство, бидејќи Македонија не располага со такви капацитети.

„Нам ни се случува шок, десетици имаат изгореници и нормално дека немаме капацитети добро да ги третираме кај нас, па затоа ги пративме во повеќе земји. Кај пациентите со изгореници од втор и трет степен, има ризици за инфекции, па не сакавме да се комплицираат работите. Во Македонија нема доволно капацитети за третман на пациенти со изгореници, поради што дел од нив беа испратени во специјализирани центри во странство. Околу 15 лекари од Чешка, Израел и Србија веќе пристигнаа и ќе бидат распоредени по клиниките за да помогнат во лекувањето. Во странство, во Турција се испратени девет лица, тројца во Истанбул и шестмина во Анкара, во Бугарија 14 пациенти, во Грција во Солун се пет, во Србија 17, и вчера двајца се упатени во Будимпешта, и во Литванија се упатени четири пациенти. Денеска очекуваме уште неколку пациенти да бидат упатени во Словенија двајца или четворица, за Хрватска ќе појдат четворица, во Австрија шест, и уште 12 пациенти ќе бидат испратени во Белград на ВМА“, изјави Таравари.

Министерот напомена дека можни компликации се очекуваат денеска и утре. Пред се тоа се однесува на можни инфекции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Таравари избран за редовен професор на Meдицинскиот…

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен…

(Видео) Урнебесно – Села честиташе Велигден за…

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села,…