Таравари: Нѐ нарекоа предавници затоа што се откажавме од луксузот на власта во знак на несогласување

t

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, преку објава на Фејсбук го коментираше заминувањето на Салим Сулејмани, кој пред неколку дена поднесе оставка од пратеничката функција. Таравари вели дека со одлуката да одат во опозиција, функционерите на АA се откажале од платите и луксузите на власта поради несогласување и за оваа постапка биле наречени предавници, прашувајќи „како се нарекува Сулејмани, кој го продал народот за да стане амбасадор“.

„Салим Сулејмани пред неколку дена поднесе сензационална оставка. Тој рече дека заминува од причина што нè остави изненадени… На почетокот не верував дека Салим Сулејмани може да се шегува до овој степен, но сега изненадувањето за кое зборуваше стана официјално: Салим е назначен за наш амбасадор во Персискиот Залив. Нѐ нарекуваа предавници затоа што ги напуштивме платите и луксузите на власта како знак на несогласување со неа, но сега кога вистините официјално излегуваат на виделина, прашувам: Како се вика Салим кој ги продаде луѓето за да стане амбасадор?!“, пишува Таравари во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…

Таравари: Одиме со посебни советнички листи и…

Засега имаме сигурна одлука дека одиме со…

Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Таравари избран за редовен професор на Meдицинскиот…

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен…