Таравари очекува директорите на Детска клиника и на „Козле“ да преземат мерки против докторите што направиле превид со бебето што почина

Министерот за здравство Арбен Таравари нема намера да ги разреши директорите на Детската клиника и на болницата „Козле“. Денеска на прес-конференција тој рече дека од нив очекува да казнат некого, односно „да има одговорност од некого за смртта на 14-месечното бебе“ кое почина на Детската клиника од бронхопневмонија.
Да причекаме, верувам дека двајцата директори ќе преземат мерки, а какви ќе бидат, не сакам да предрасудувам. Но очекувам од нив да има некаква одговорност, рече Таравари на новинарско прашање дали директорите ќе бидат казнети ако не преземат мерки.
Таравари рече дека Клиниката „Козле“ според неговите информации, имала респиратор, ама го дала на некоја друга клиника.
-Секако дека Министерството има обврска што побрзо да обезбеди во „Козле“ да има неинванзивен или инванзивен респиратор. Како министер не сум судија, ниту обвинител. Како министер ангажирав компетентна комисија што даде детален извештај што се случило. Тој е испратен до клиниките и чекаме да видиме како ќе постапат директорите. Немам ингеренции да избркам некого од работа, но инсистирам директорите да преземат мерки за докторите што направиле превид, да не речам грешка – рече Таравари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Таравари избран за редовен професор на Meдицинскиот…
Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен…
(Видео) Урнебесно – Села честиташе Велигден за…
Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села,…