Таравари: Пациентката не починала од тоа што не била примена на Инфективна

t

Министерот за здравство, Арбен Таравари, по посетата на Црвениот крст на Република Северна Македонија, каде што беше промовирано партнерството за санитетски транспортни возила, одговори на новинарски прашања во врска со смртта на пациентка која починала откако не била примена на интензивна нега на Инфективната клиника, иако имало препорака да биде хоспитализирана и ставена на респиратор.

Таравари изјави дека пациентката имала акутна леукемија и дека ќе побара извештај за да утврди точната причина за нејзината смрт.

„Пациентката имала 48 години и е лекувана по сите протоколи на Хематологија. Се работи за сериозна малигна болест со лоша прогноза,“ рече министерот.

Тој истакна дека, „респиратор има во речиси секоја клиника во комплексот,“ и дека пациентката е била инфицирана со САРС-КоВ-2, што е „нормално и го преживуваме денес сите.“

Според Таравари, „нема лекарска грешка, третирана е според протоколи“. Тој уверува дека реновирањето на Инфективната клиника не е причината за смртта на пациентката.

„Причината за смртта сигурен сум дека не е реновирањето на Инфективната клиника,“ додаде министерот.

На прашањето зошто пациентката не била хоспитализирана на Инфективната клиника, иако Хематологија ја насочила за болнички третман, Таравари изјави дека побарал извештај од двете клиники. Тој исто така напомена дека речиси сите здравствени институции имаат интензивен дел за третирање на лицата со коронавирус.

„Потребно е да добиеме дефинитивни податоци за причината на смртта,“ рече Таравари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари: Пациентката не починала од тоа што…

Министерот за здравство, Арбен Таравари, по посетата…

(Видео) Несовесен возач како темпирана бомба –…

Несекојдневна и многу опасна сцена е снимена…

Москва: Ќе испратиме јасен сигнал до Берлин

Одговорот на Москва на одлуката на германските…

Зеленски: Операцијата во Курск има за цел…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека…

Русија: Американски бомбардер опасно се приближи до…

Воен авион на коалицијата предводена од Соединетите…