Таравари: Постојат шанси целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи уставните измени
Претсефателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, вели дека официјално не разговарале со поранешните коалициони партнери ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени, но дека контактираат со членови на партијата и дека членови и функционери ги поддржуваат уставните измени.
– Официјално не сме разговарале, но не можам да кријам дека имаме канали на комуникација и со нив, луѓе коишто се членови на ВМРО ДПМНЕ. Знам за неколкумина таму коишто мислат поинаку отколку актуелното раководство, меѓутоа повторно би кажал дека тоа е одлука на партијата, дали некои пратеници би гласале поинаку тоа не и сакал да влегувам во такви шпекулации. Но дека има мислење спротивно од тоа што го кажуваат на прес конференции и јавно, постои дефинитивно во ВМРО ДПМНЕ, меѓутоа, јас мислам дека постојат шанси и целата партија некако, со нови услови, да одлучат поинаку во претстојниот период, се надевам дека ВМРО ДПМНЕ ќе собере сили за да поминат уставните промени, подвлече Таравари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Таравари избран за редовен професор на Meдицинскиот…
Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен…
(Видео) Урнебесно – Села честиташе Велигден за…
Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села,…