Таравари се нуди да ги смирува Рама и Курти: Долгорочна стратегија за Албанците во Западен Балкан

t

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, се нуди како посредник за да ги смири односите меѓу премиерите на Косово и Албанија, Албин Курти и Еди Рама.

Таравари вели дека двајцата лидери и двете држави имаат многу големо влијание врз Западен Балкан и затоа треба да седнат заедно и да изготват заедничка стратегија за доброто на Албанците на Балканот.

-Заинтересирани сме и би ни било чест доколку ја постигнеме целта двајцата премиери Албанци да седнат заедно, да се координираат и да разговараат. Ако имаат нешто лично меѓу себе, треба да ја надминат оваа ситуација. Ние ги доживуваме како две институции, две многу важни држави и двајца премиери со многу големо влијание на Западен Балкан. Подготвени сме да им олесниме да седнат заедно и да направат краткорочна, среднорочна и долгорочна стратегија за Албанците од Западен Балкан – порача тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Рама: Договорот за прифатни центри за мигранти…

Албанскиот премиер Еди Рама, договорот за прифаќање…

Рама го пофали Курти за прифаќањето на…

Албанскиот премиер Еди Рама се огласи на…

Косовската опозиција: Курти е во мисија да…

Шефот на пратеничката група на најголемата опозициска…