Таравари: Со наредното отварање на Уставот мора да се тргне формулацијата од 20% за албанскиот јазик
„Јас мислам дека е моментот, не само за Алијанса за Албанците, за нас не е ни предмет за дискусија дека сега ќе го поставиме како услов. Знаете дека кога последниот пат се промени Уставот, во 2019 година, ние тогаш го поддржавме. Поранешниот премиер тогаш излезе и рече дека на наредното отворање на Уставот „20%“ ќе се замени со албански јазик. Исто така и лидерот на опозицијата во неколку наврати потенцираше дека не му смета да се отстрани „20%“ доколку има согласност“, рече потпретседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари на гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ21.
„Ние секако дека ќе го поставиме како услов, ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата и врз таа основа ќе одлучиме, но мислам дека на секој начин ќе инсистираме да при наредното отворање ова да се промени и албанскиот јазик да постои како официјален јазик на Република Северна Македонија“, посочи Таравари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…
Таравари: Одиме со посебни советнички листи и…
Засега имаме сигурна одлука дека одиме со…
Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Лавров: Има Албански и Косовски паравоени формации…
Русија внимателно ги проверува информациите кои сугерираат…