Таравари тврди дека науката не се етнизира со идејата за паралелна албанска Академија

t

Министерот за здравство и еден од лидерите на ВЛЕН, Арбен Таравари тврди дека нема несогласување во владеачката коалиција. За идејата за паралелна албанска Академија на науки и уметностите, вели дека е нивна програмска определба уште од предизборието.

-Идеите за наука и уметност мислам дека се добри и убави. Засега почнавме како иницијатива од четири општини, а се надевам дека понатаму ќе дојдеме до решение кое што ќе биде прифатливо за сите кои живеевме во Македонија. Науката не се етнизира. Ќе имаме повеќе институции кои се занимаваат со наука и уметност и треба да ги развиеме и поддржуваме, за да секоја година имаме подобри резултати. Да дадеме максимум сите, што повеќе науката и уметноста на сите етнички заедници, да се развива што поубаво и подобро, изјави Таравари за медиумите при посетата на мобилната единица на плоштадот „Македонија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„И лавот му рече на орелот мјау“:…

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…

Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Албанската МНР: Целосна поддршка за КФОР, неиспровоцирани…

Албанската министерка за надворешни работи, Ољта Џачка,…