Таравари: Јас ќе поднесам оставка, другите ќе бидат разрешени!
Арбен Таравари, министер за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците изјави дека тој ќе поднесе оставка од функцијата, а за останатите функционери од оваа партија очекува да бидат разрешени.
– Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени, вели Таравари во изјава за МИА.
Инаку, оваа одлука доаѓа откако во понеделникот партијата по недоразбирањата со останатите коалициски партнери во „ВРЕДИ“ донесе одлука да ја напушти владината коалиција и да оди во опозиција. На претстојните локални избори партијата ќе настапи со свои кандидатски листи за советници.
Денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања рече дека во периодот што следи ќе бидат номинирани нови имиња на местото на оние што и припаѓаа на Алијанса за Албанците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…