Таравари: 1100 вработени по договор на дело во здравството ќе земат решенија

t

Министерот за здравство Арбен Таравари одговарајќи на прашања на пратеничката од Европскиот фронт Дијана Тоска зошто се отпуштени економски директори, и не се вработуваат медицински сестри иако има потреба во здравствените институции одговори дека до крајот на годината решение ќе земат 1,100 вработени по договор на дело во здравството,

Таравари истакна дека проблемите се наследени и дека ДУИ за 22 години власт не успеала да изгради канализациска мрежа во Зајас, а очекува за шест месеци да се изгради Клинички центар.

Тој дополни дека е надминат проблемот со позитивната листа на лекови.

„Шесто специјализанти ќе бидат вработени, 300 оваа, 300 наредната година“, рече Таравари.

Во однос на економските директори, министерот посочи дека пратеничката не реагирала во 2017 кога тој биле дел од Владата и тогаш разрешувале.Ја повика да ги праша лекарите од ДУИ што е направено во болницата во Тетово, Гостивар.

Најави доволно средства за 2025 година и очекува сите да бидат задоволни од резултатите во здравството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НА 18 ГОДИНИ СЕ СВЕЖИ ЗА ФРОНТ..…

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја…

ЕВРОПА САКА ДА ПРАТИ 100.000 ВОЈНИЦИ ВО…

Европските земји разговараат за испраќање воени сили…

Полицијата уапси 4 разбојници, извршиле 4 тешки…

Пред 2 дена на 16.12.2024 во Радовиш…

Таравари: 1100 вработени по договор на дело…

Министерот за здравство Арбен Таравари одговарајќи на…

Уапсен дилер на дрога баран по потерница,…

Во полициски службеници од СВР Куманово го…