ТАРИК ФИЛИПОВИЌ-„МАКЕДОНИЈА И ЈАС СЕ САКАМЕ ЈАВНО“: Го сака и Дедо мраз, не го дава никогаш и верува во него
Тарик Филиповиќ ѝ е добро познат на македонската публика, а тој од срце ја сака нашата земја. Често знае да допатува од Хрватска овде, и неговиот познат шарм не остава никого рамнодушен. Поканата за интервју за Машки магазин, без размислување ја прифати!
– Македонија и јас се сакаме јавно! Никогаш не криев дека Македонците и земјата ми се при срце. Тешко е тоа да се дефинира и објасни но… луѓето, мелосот, храната, атмосферата, топлината, човечноста, срдечноста, сето тоа „легна“ на мојата душа и некако Македонија ја чувствувам како своја. Срцето ми е полно затоа што видов дека и Македонците поприлично ме сакаат мене па љубовта ни е еднонасочна. Се надевам дека наскоро ќе дојдам, имав турнеја со својата монодрама, а сега излезе нова наречена „Секс и глад“ па се надевам дека мојата пријателка Вики Дамевска ќе организира повторно па и оваа претстава да се види во поголемите македонски градови. Сакам и да ги видам моите добри другари од таму, од Скопје, Битола, Охрид, вели Тарик во интервјуто.
Во својата дваесет и петгодишна кариера глумеше во повеќе филмови, серии и театарски претстави, а за својата телевизиска, филмска и театарска работа доби голем број национални и меѓународни награди. Во Југоисточна Европа јавноста најмногу го препознава по неговиот водителски ангажман во квизот „Кој сака да биде милионер“, кој до денес остана најуспешен проект на хрватската телевизија, но и по неговите улоги.
Приватно Филиповиќ е оженет и има два сина, а живее сосема нормален и приземен живот и не е нешто многу „потресен“ околу Нова година, но сепак има одредени моменти кои ги памети.
„За мене Нова година како дете беше нешто најмагично на светот, сите тие обичаи, китење на елката, подароците… едноставно кога си мал сѐ изгледа шарено и убаво. Се трудам и сега да ја одржам таа магија, но искрено новогодишните прослави ми станаа најмалку интересни. Инаку, како се менуваат обичаите и како верските празници на некој начин заземаа примат па и целата комерцализација, можам да кажам дека јас си го сакам Дедо мраз, не го давам никогаш и верувам во него“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем скандал ја тресе општина Гази Баба…
Македонската олимпијка Милијана Рељиќ нема сала за…
Бугарија забрани промоција на нетрадиционални сексуални ориентации…
Бугарија вчера забрани нехетеросексуални пораки во училиштата,…
Уапсен пироманот кој го предизвикал пожарот кај…
На 07.08.2024 во 12 часот во Велес,…
Македонската претседателката ги прими македонските претставници на…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во „Вила Билјана“…
Се укинува пролетниот распуст за учениците
Се укинува пролетниот распуст, кој што беше…