Тасевски за навредите на Колев кон Блаже Конески: Обиџуко, не дреми ко мисир, викнете го фраеров на информативен разговор

t

Актерот Сашо Тасевски бара полицијата да реагира по засилувањето на бугарската пропаганда во Македонија, а како пример го посочува „претседателот на бугарашката партија во Македонија“ – Петар Колев и неговите навреди кон Блаже Конески.

Она суштество кое е претседател на бугарашка партија кај нас и кое бара оние 0,6 проценти Бугари да влезат во македонскиот устав, на денот на македонскиот јазик го нарече неговиот татко Блаже Конески џуџето од Небрегово. Се прашувам дали власта има намера еднаш да реагира на вакви провокатори. Обиџуко не дреми ко мисир на лајна. Викнете го фраеров на информативен разговор. Најдете лек за таа негова омраза кон се што е македонско. Затнете го некако. Направете нешто. Ова нивново нема крај. Стварно ни е доста во сопствениот дом да бидеме навредувани секој ден од испрдоци на Софија и петоколонаши, бара Тасевски.

Во свој Фејсбук статус, Колев го напиша следното за Конески, и тоа на Денот на македонскиот јазик: „На 5 мај во 1945 година, со решението од тогашната Народна влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а набргу, еден месец подоцна и правописот на македонскиот јазик. Овој процес е свечено заокружен со делата на Блаже Конески – Граматиката, Речниот и Историјата на македонскиот јазик. Благодарение на сето тоа денеска пишуваме к’рв со апостров, в’ рв со апостров и т’га за југ со апостров а истовремено со тоа не можеме да прочитаме ниту едно писмо на револуционерите во оригинал или пак автор на поезија и проза кој пишувал пред 1945 година. Со други зборови сме полуписмени субјекти кои неможат да си ги читаат своите дедовци во оригинал. Затоа Блаже КонеВски е и ќе остане џуџето од Небрегово, кое го осакати собствениот народ и го направи полуписмен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре е Петровден, задутре Павловден, се верува…

Утре, 12-ти јули е Петровден, а на…

Апел за помош: Да му помогнеме на…

Почитувани пријатели,ова е мојот син Петар има…

Тасевски: Македонец не станува Бугар ни у…

Актерот Сашо Тасевски со реакција на фејсбук…

(Фото+Видео) Се бараше во јама до 70…

Се уште се бара исчезнатиот Петар Џобоски,…

(Видео) Петар кој ја насмеа Македонија стана…

Петар е детето кое ја насмеа македонската…