Таткото на бебињата закопани во двор од куќа кај Вараждин бил ватерполист и пејач, па влегол во секта

t

Во општина Љубешчица (Вараждин) вчера во дворот на семејна куќа се пронајдени закопани тела на две бебиња, потврдија од вараждинската полиција и додаваат дека против двете лица водат кривична истрага во соработка со Жупаниското државно обвинителство.

Како што дознаваат хрватските медиуми од мештаните, мајката на загинатите деца се вика Рута, а нејзините родители првпат се преселиле овде пред околу 8 години.

После тоа, Рута и нејзиниот невенчан сопруг дошле во селото и се оддалечиле околу два километри. Нивната куќа е последна во селото, а патот до неа е макадам.

Има капела на околу 150 метри од нивната куќа, а сè е опкружено со шума.

– Познато е дека невенчаниот сопруг шета низ селото во долга црна наметка, а носи и долга брада. Не сме ја виделе неа. Еднаш дојде во нашиот каменолом така облечен, но не разговараше со никого, остана малку и си замина. Според моите сознанија, никој од нив не е вработен, а родителите на нивната мајка, колку што знам, се учители во вараждинските училишта – изјави локален жител.

– Полицијата ме праша колку деца има семејството. Им кажав дека видов само едно, онаа девојка со многу долга коса – вели соседот.

Тој додава дека жената ретко излегувала од дома и дека последен пат ја видел минатото лето.

„Беше бремена“ – вели соседот.

Се уште нема официјални информации за родителите.

Според сведоштвата на неколку соседи кои го познаваат, тој до пред неколку години активно се занимавал со ватерполо, а е и успешен пејач во релативно познат сплитски бенд.

Како што пренесуваат медиумите, сплиќанецот пред неколку години целосно се „свртел“ со тоа што станал член на верска секта.

Таму ја запознал и својата партнерка и се оженил со неа, според обредот пропишан од сектата на која припаѓаат.

Целосно се отуѓил од сите општествени и правни норми, убедувајќи се дека не му треба никаква држава и никакви правила.

А еден од доказите за неговите верувања е тоа што тој го сметал ОИБ (граѓански регистарски број) за „жигот на ѕверот“ – како што вели еден од соговорниците.

Инаку, бебињата биле на околу една година и биле запоставени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таткото на бебињата закопани во двор од…

Во општина Љубешчица (Вараждин) вчера во дворот…