Таткото на Вања негирал дека давал информации на Љупчо Палевски за движењето на неговата ќерка

t

Таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски на распитот во ЈО негирал дека давал информации на Љупчо Палевски Палчо за движењето на неговата ќерка, што според досегашниот тек на истрагата, доведе до нејзиното киднапирање, а потоа и до убиство.

За неговата инволивраност инфомрации на државните органи дале тројцата други обвинети за кои судија на претходна постапка веќе одреди мерка притвор. Таа денес треба да биде продолжена, откако обвинителството ќе добие кривична пријава против нив поднесена од МВР.

За него вчера беше одредена мерка притвор од 48 часа, за кој обвинителството ќе бара продолжување доколку тој влезе во истрага, бидејќи за сите осомничени освен за првоосомничениот се уште се води истрага.

За Палевски, се отвори истрага по итна постапка, а со цел МВР да може да ја распише меѓународната потерница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турчин приведен во моментот кога сакал да…

На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…

По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…

Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…

Цеца на одмор била… Затвореник примил пакет,…

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.Т.(41),…

(Видео) Драма во Мостар: Турист скокна од…

Неодговорното однесување на странскиот турист можело да…

Ле Фигаро: Русија го зазеде клучното литиумско…

Руските сили ја презедоа контролата врз областа…