Таткото на киднапираниот Костадинов е ранет: Ова се деталите од МВР
На прашање на Инфомакс до рекацијата пристигнаа и првични информации од МВР за утринската престрелка која се случила во населбата Лисиче во Скопје.
Информациите од полицијата говорат дека таткото на исчезнатиот Самоил Костадинов, Љупчо Костадинов бил ранет пред неговиот дом.
-Денеска во 08.38 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрајчето на Аеродром едно лице пукало и го повредилот Љ.К. (57) пред неговиот дом повредениот бил пренесен во комплекс на клиники „Мајка Тереза“ за укажува на лекарска помош. Полициски службеници излегле на местото и превземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Како што претходно објави Инфомакс, рано утринава пред неговиот дом е пукано врз таткото на Самоил Костадинов, Љупчо Костадинов.
Инцидентот се случил во Лисиче, неофицијално пред неговиот дом. Кон него е пукано од возило во движење, мотор по што пукачот се упатил во непознат правец, а како што дознаваме во моментов полицијата е во активна потрага по него.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Неколку пати досега требаше да добијам…
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…
СДСМ нема да има кандидати за градоначалници…
Како што брифираат од партијата, со одлука…
На граничните премини Табановце и Богородица се…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Денеска се празнува Пренос на моштите на…
Се празнува на 8 февруари и под…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…