Таткото на Матеј Периш: Си го враќам синот дома
Телото на 27-годишниот Матеј Периш утре ќе биде испратено од црквата Св. Анте во Белград за Сплит, каде што ќе биде погребан, соопшти денеска белградската надбискупија.
Неговиот татко, Ненад Периш изјавил дека конечно си го враќа својот син дома, во неговиот Сплит.
„Човек кој губи некого, како што јас го изгубив Матеј, има само една желба – да му биде сѐ поблизу. Тоа ќе се случи еден ден, јас не знам кога, но ќе се случи. Ние мора да продолжиме да живееме овде на земјата сѐ до нашата нова средба. Ништо не може да го подготви човек на ваква вест. Денешниот ден беше најлошиот во мојот живот. Сега си го враќам мојот син дома, во неговиот Сплит“, изјавил Ненад Периш за „Слободна Далмација“.
Како потсетување, денеска беше потврдено дека младиот човек чие тело вчера беше пронајдено во Дунав е Матеј Периш. Според „Телеграф“, ДНК анализата докажала дека се работи за исчезнатото момче по кое се трагаше од крајот на минатата година.
Обдукцијата покажа дека причината за смртта е давење, а ќе се прави и токсиколошка анализа, но овие резултати се очекуваат за неколку недели.
Неговото тело беше пронајдено вчера околу 9.30 часот, од страна на морнари, на местото наречено Ада Хуја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Се појави нова снимка со која…
Вечерва на социјалните мрежи се појави зумирана…