Таткото на починатиот шанкер: „Го ставиле управител без да знае што значи тоа“
Во судницата во Идризово продолжи судскиот процес против обвинетите, сопственици, обезбедувањето, државни службеници, министри, инспектори за катастрофалниот пожар во диското „Пулс“ во кое загинаа 63 млади луѓе.
Сведочеше Наско Карадаковски, татко на починатиот Александар Карадаковски, кој тврдеше пред Судот дека неговиот син бил поставен за управител на фирма поврзана со дискотеката без реална улога, знаење и без здравствено осигурување. Според неговото сведочење, Александар ја прифатил функцијата на барање од првообвинетиот Дејан Јованов-Деко за да не му пропадне лиценцата.
– Го прашав дали знае кои се одговорностите на управител. Ми рече, не, тоа си го прават Деко и Михајло. Ми кажа дека Деко го замолил зашто немал кого да постави – сведочеше Карадаковски, чиј син почина од тешките повреди, во текот на лекувањето.
Таткото објасни дека неговиот син никогаш не работел во дискотеката „Пулс“, туку бил вработен како шанкер во кафулето „Класик“ во Кочани. Во дискотеката, како што рече, бил ангажиран само повремено – за помош при реновирање и градежни работи пред кобната вечер. Во своето сведочење, Карадаковски раскажа дека бил многу загрижен кога дознал дека синот е формално запишан како управител и дека инсистирал веднаш да се повлече.
– Му реков да оди кај Деко и веднаш да излезе од таа фирма. Ми рече дека ќе се среди, дека има некој кредит што треба да се заврши. Му реков: „ако треба, јас ќе дојдам и ќе се расправам“ – рече тој.
Одбраната на обвинетите реагираше на исказот, оценувајќи дека е контрадикторен и дека прашањата за односот меѓу таткото и синот не придонесуваат за расчистување на случајот. На денешното рочиште беше сослушан само овој сведок, бидејќи сведоците на кои инсистираше одбраната да останат на листата од ОЈО, одбиваат да сведочат. Ова дополнително ги вознемири семејствата, кои стравуваат од одолговлекување на процесот.
Пожарот во „Пулс“ избувна на 16 март 2025 година, во текот на концерт на групата ДНК, кога пиротехнички средства го запалија таванот од запалив материјал. Во несреќата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Судењето продолжува со изведување нови докази и сведочења, во обид да се утврди кој сè и со каква одговорност учествувал во системот што доведе до една од најголемите трагедии во земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таткото на починатиот шанкер: „Го ставиле управител…
Во судницата во Идризово продолжи судскиот процес…
Пријавени 14 случаи на семејно насилство за…
Во текот на изминатото деноноќие, на територија…
ЗНАМ демантира дека децата биле „принудени“ да…
Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ги отфрла…
Иран со одговор до Трамп: Ормуската Теснина…
Иран одговори на ултиматумот од американскиот претседател…
Кривична за поранешниот градоначалник на Кичево, Дехари…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР…